Путин вети помош за домашните претприемачи

57
ФОТО: EPA / MICHAEL KLIMENTYEV

Руските претприемачи кои се соочуваат со „надворешни ограничувања“ можат да се потпрат на поддршка од Владата, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој истакна дека конкурентите се обидуваат да се сокријат зад политичкиот екран.

– Поддршка на домашниот бизнис и зголемување на неговите капацитети е една од најважните задачи, посебно денес кога руски компании се соочуваат со одредени надворешни ограничувања – изјави Путин.

Алудирајќи на санкциите од Западот, рускиот претседател нагласи дека Кремљ ги гледа странските играчи кои се обидуваат да се сокријат зад „политичкиот екран“, кои тоа го користат „во нелојална конкуренција, елиминација на ривалите и поделба на пазарот“.

Тој оцени дека Русија треба да посвети внимание на предизвиците со цел да го поттикне својот индустриски развој и да ја зајакне својата научна и технолошка база.

Путин вети дека руската Влада ќе продолжи да ги поддржува извозниците во земјата, посебно во ненафтените сектори, како што се високата технологија и земјоделството. Истовремено Москва нема да гради кариери во меѓународната економска соработка и да се изолира, изјави Путин на состанокот со претставници на руски фирми во Москва.

ФОТО: EPA / MICHAEL KLIMENTYEV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...