Повици до Албанија да се откаже од законот за онлајн медиуми

87
ФОТО: EPA-EFE /FILIP SINGER

Четири меѓународни медиумски организации денеска ја повикаа албанската Влада да се откаже од два предлог-закони за државна регулатива и обврзна регистрација за онлајн медиуми, кои планира да ги усвои со цел борба против лажните вести.

Во писмо до премиерот Еди Рама и министерката за правда Етилда Ѓонај, Европскиот центар за слобода на медиуми, Европската федерација на новинари, Репортери без граници и „ПЕН Интернешнл“’ побараа од албанските власти да го повлечат законот, да ги вклучат новинарите и да побараат меѓународна помош во изработка на нови закони.

Во писмото се укажува дека во демократските земји „онлајн медиумите се саморегулирани“.

Во октомври и ОБСЕ изрази загриженост поради новиот систем за регистрација за медиумски интернет страници во Албанија.

Фото: EPA/EFE/FILIP SINGER

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...