Дете преживеало 40 минути затрупано под лавина

109

Едно 12-годишно момче е пронајдено живо откако 40 минути било затрупано под лавина на француските Алпи.

Лавината го однела детето кое скијало заедно со родителите во планинското одмаралиште Ла План, во областа Савоја. Лавината паднала врз момчето откако тоа излегло надвор од обработената патека за скијање. После 40 минути, тоа било откриено од куче на спасувачите.

– Тоа е чудо, затоа што момчето не носело апарат за сигнализирање за жртви на лавини. Речиси нема шанси за преживување под снег повеќе од 15 минути. Детето имаше голема среќа што кучето го пронајде – изјави претставник на спасувачите.

Момчето, со скршена нога и многу уплашено, било пренесено во болница во Гренобл.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...