Илјадници фунти се собрани за помош на семејствата на младата двојка од Британија , кои починале во рок од неколку часа во Австралија.
Поранешниот фудбалер Џејсон Франсис (29) беше удрен од автомобил во близина на куќата во која живеел со партнерката Алис Робинсон во австралискиот град Перт. Алис била скршена од болка и по неколку часа била најдена мртва.
Од пред два дена се собрани вклупно 29 000 австралиски долари за помош на семејствата на младите трагично починати Британци.
Полицијата соопшти дека Франсис бил удрен со Фолксваген Џета со кој управувал 18 годишник. За сега не се соопштува на кој начин починала девојката.