Повредени најмалку 30 лица во земјотресот на Сицилија

99
ФОТО: EPA / ORIETTA SCARDINO

Најмалку 30 лица се повредени, а причинета е и материјална штета во земјотресот со интензитет од 4,9 степени според Рихтерова скала кој синоќа го погоди италијанскиот остров Сицилија, во областа на вулканот Етна.

Ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност. Неколку куќи во провинцијата Катанија биле делумно разурнати, а автопатот кој ги поврзува градовите Катанија и Месина е затворен поради оштетување на асфалтот.

Италијанските медиуми објавија дека населението било во паника и многумина излегле на улиците. Во потресот најмногу биле оштетени старите цркви.

Епицентарот на потресот се наоѓал 170 километри источно од градот Палермо, на длабочина од два километра под површина на земјата, соопшти Европско-Средоземноморскиот сеизмолошки центар.

ФОТО: EPA / ORIETTA SCARDINO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...