НУ театар Комедија ќе ја заокружи работната година со претставата „Нема да платам“ од Дарио Фо, во режија на Александра Кардалевска.
Претпремиерата ќе се одржи денеска, а премиерата на „Нема да платам“ е утре.
Сценографијата ја направи Зоран Ѓурески, а костимографијата е на Маја Ѓуреска и Антонија Гунинска Јорданоска. Изборот на музика го изврши Александар Јорданов, а драматург е Дарко Јан Спасов, соопштија од Театар Комедија.
Улогите ќе ги толкуваат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Зорица Нушева, Жаклина Петровска и Александар Михајловски.
„Политичката сатира „Нема да платам“, на добитникот на Нобеловата награда за литература, италијанскиот драмски писател, сценарист, режисер, актер и борец за човекови права и еднаквост Дарио Фо, ги пресликува реакциите на потрошувачите против зголемување на цените и е провокативна реакција против злоупотребите и неправдата на општеството“, наведуваат од Театар Комедија