Авторите на божиќните песни заработуваат милиони долари годишно

216
ФОТО: Инстаграм

Додека луѓето ширум светот си ја разубавуваат празничната атмосфера со божиќните песни, авторите на истите секоја година заработуваат по милиони долари.

На пример, годинава Мараја Кери од авторските права за „All I Want For Christmas” заработила околу 800.000 долари. Ако на тоа ги додадеме и настапите на кои таа ја изведува песнава, сумата е могу поголема.

Зад неа не заостанува ни британската група Слејд која со својот годинашен хит „Merry Xmas Everybody”  досега заработи 630.000 долари.

Следуваат „Fairytale of New York” на ирскиот рок-состав Погс, „White Christimas” на Бинг Крозби (со заработени 415.000 долари), „Wonderful Christmas time” на Пол Мекартни (330.000 долари) и „Mistletoe and Wine” на Клиф Ричардс (127.000 долари).

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...