Државно училиште во Хемпшир ги отвори своите врати на Божиќ

Училиштето ги отворило вратите за сите деца и нивните родители кои не можат да си дозволат семеен божиќен оброк и им подготвило комплетна свечена трпеза. Што мислите, има ли шанси и кај нас да се направи нешто слично?

67

Државното училиште во Хемпшир, Велика Британија гиотворило своите врати на Божиќ и обезбедило печена мисирка и сѐ друго што вообичаено се наоѓа на Божиќните трпези низ светот, за децата и нивните родители кои не можат да си го дозволат ова, со цел, ниту едно дете да не остане без божиќна вечера.

Шеесетина млади и деца и еднаков број на возрасни и пензионери уживале во мисирката и божиќните прилози во Хемпшир.Училиштето се наоѓа во сиромашното предградие Leigh Park, а божиќниот ручек бил финансиран од донации на хуманитарци и оволонтери меѓу кои има и голем број учители.

Локалните компании платиле и подароци за младите и забавна содржина, односно, посета на Дедо Мраз како и гумен дворец за скокање и играње.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...