Надежта не умира – Боркица ќе ни го врати Никола, нема да му дава да си ги види децата!?

Ако работата дошла до таму македонската држава да го „лови“ азилантот Груевски со уцени и на штета на две малолетни деца, тогаш - ебати таква држава!

9104
Ги слушнав и јас коментарите за наводната „приватна димензија“ на бегството на Никола Груевски, која би можела (евентуално) да го принуди да се врати во татковината и да ја издржи затворската казна. Ги слушнав и се разочарав од нашата злоба и недоветност.
Имено, теоријата за „приватниот проблем“ на Груевски се црпи од законската неможност малолетни деца сами да патуваат во странство без писмена согласност на двајцата родители. И поради тоа, можеби, Никола размислувал да се врати во Македонија.
Ауууу… Како да се разбере ова?
Прво, не сум сосема сигурен дека е невозможно Груевски од Будимпешта да испрати нотарски заверена изјава за согласност и со тоа проблемот да биде елегантно решен. Замислете, на пример, човекот да е тешко болен и неподвижен, а не во азил. Дали во таков случај би бил осуден да не ги види своите деца, затоа што објективно не може да дојде во Македонија? Мислам дека мора да постои некакво решение за вакви ситуации…
Од друга страна, не разбирам што би ја спречило госпоѓа Боркица Груевска да ги земе децата и да ги однесе во Будимпешта, за да се видат со татко им. Без оглед на тоа какви се односите меѓу сопружниците Груевски (и за тоа се лиферуваат шпекулации), мајката нема право да го казнува таткото на тој начин што нема да му дозволува да си ги види децата. Тоа е спротивно на природните закони.
Општо земено, за да не се резилиме дополнително, овој аспект на дебатата за бегството на Груевски треба веднаш да се отфрли и да се заборави, како лош сон. Ако работата дошла до таму македонската држава да го „лови“ азилантот Груевски со уцени и на штета на две малолетни деца, тогаш – ебати таква држава!
Или, обратно, ако власта толку очајно се измачува да го скрие под тепих прашањето на сопствената одговорност за бегството на Груевски, до таа мера што смислува план со ваква бескрупулозна и безвезна уцена, тогаш нека си го истера планот до крај – нека ги уапси малолетните деца на Никола, за да го вратат во Македонија!
Ќе биде тоа вест на денот, нуклеарна бомба, потег за браво, браво, браво… Не помала интергалактичка глупост од очекувањата Боркица да ни го врати азилантот и да ни го донесе во Шутка, со торбичка со гаќи, чорапи, испеглана кошула и сапунче со синџирче.
Абе како им текнуваат вакви работи?

Чудо едно…
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...