Дури 80 отсто од албанските полициски службеници на возраст под 40 години сакаат да ја напуштат Албанија и да заминат во САД.
Тие аплицирале на Лотаријата за американска зелена карта за 2018 година.
Податоците во писмо со барања до премиерот Еди Рама ги наведува Синдикатот на полициските работници.
– Полицајците помлади од 40 години аплицираа на американска лотарија и во јануари 2019 година очекуваат да ја напуштат Албанија за подобар живот – пишува во писмото на Синдикатот.
Во писмото уште се наведува дека главна причина за масовното аплицирање на американската лотарија од страна на младите полициски службеници и оние до 40-годишна возраст се ниските плати или како што стои, најниски плати во Европа.
Синдкатот, исто така, бара исплата на 13-та плата, како што е дефинирано во Законот за работни односи, исплата на средства за прекувремена работа за цела 2017 година, пари за храна и осигурување на живот за оние кои се повредени во текот на работното време.
Албанија е една од земјите со највисока стапка на апликации во програмата на Лотаријата на САД за иселенички визи (Зелена карта). Бројот на апликантите е во постојан раст.