За мерките за челични производи ќе реагираме и до Европската комисија

81

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за најавата од Европската Унија за воведување на конечни заштитни мерки за челични производи и го задолжи Секретаријатот за европски прашања, во координација со Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии, Царинската управа и Кабинетот на ЗПВРМ за економски прашања, да го подготви барањето за консултации со Европската комисија и да го достави до Постојаната Мисија на РМ во Женева, најдоцна до 27.12.2018 година, информираа од Владата на РМ која денеска ја одржа 112-та седница.

Владата денеска реши и да се организира средба со засегнатите компании од анти-дампинг постапката за челични производи отворена од страна на ЕУ, најдоцна до 20. јануари 2019 година, за усогласување на решенија од воведувањето на заштитните мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...