Спам повиците се зголемија за 300 отсто во 2018 година

68

Спам повиците пораснале за 300 отсто во светот во тековната година, според студијата на „Труколер“, цитирана од „Врџ“.

Сепак се забележува пад во некои земји, вклучувајќи ги и САД. Земјата падна на осмото место на листата од минатата година. Корисниците на „Труколер“ добивале во просек од 17 повици месечно, во споредба со 21 во 2017 година. Најголем дел од повиците се поврзани со осигурувања или наплата на долгови.

Властите и понатаму се обидуваат да ги ограничат ваквите нелегални повици. Сепак, проблемот продолжува да ескалира во други региони. Во 2018 година, Бразил беше најзасегнат од овој тип на повици. Таму се забележани над 37 несакани повици месечно. Ова главно се должи на повиците од телекомуникациските оператори и оние поврзани со изборите. Индија, која беше прва во 2017 година, падна на второ место.

За периодот јануари-октомври, корисниците добиле 17,7 милијарди спам-повици. Се разбира, треба да се има на ум дека студијата била спроведена само кај претплатниците на „Труколер“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...