Сите предности на најпопуларната диета која ќе ве „стопи“ за 14 дена!

870

Не напразно е најпопуларна диета – нема да чувствувате глад, ќе бидете полни со енергија, а резултатите се неверојатни.

Липосукциската диета е посебна исхрана која се темели на консумација на природни масти и елиминација на јагленохидратите. Го поддржува враќањето на храната на нашите претци и избегнување на полуготови, пакувани и рафинирани производи. Во текот на диетата се внесуваат и суплементи – аминокиселини кои го поттикнуваат разградувањето на мастите во телото.

Авторот на липосукциската диета, нутриционистот Кенан Мандра, од компанијата International Health тврди дека го усовршил диетниот програм за здраво и брзо слабеење. Програмот на липосукциската диета нема врска со липосукциската операција, освен што има заедничка цел – брзо да ги стопи мастите во организмот.

Липосукциската исхрана ги интегрира медитеранската диета и механизмите за хормонална регулација на телесната маса во единствен ултимативен протокол за слабеење и одржување на телесната тежина. Диетата не вклучува изгладнување, но предвидува значајно намалување на внесот на јагленохидрати.

Нутриционистите од International Health сметаат дека шеќерот е најголемиот проблем на денешната исхрана, па липосукциската диета се темели на внес на масти и протеини, со внес на аминокиселини преку суплементи. Така се поттикнува разградувањето на мастите во телото, односно метаболизмот ги користи сопствените резерви на масти како извор на енергија.

Овој начин на размислување е многу разумен ако земеме предвид дека со разградувањето на мастите, односно со процесот на бета оксидација, се добива повеќе енергија отколку со употреба на шеќер. Преголемата консумација на шеќер доведува до пореметување на работата на инзулинот, хормонот кој служи како „гласник“ на клетките. Тој се врзува за рецепторите на клетките кога има многу гликоза во крвта и им сигнализира на клетките дека гликозата е потребно да се преработи или да се наталожи во форма на гликоген. Со нарушувањето на работата на панкреасот, кој лачи инсулин, доаѓа до дијабетес и останати пореметувања во метаболичките процеси.

Со липосукциската диета се нормализира хормоналниот дисбаланс и така телото ги користи сопствените залихи на масти за добивање на енергија. Аминокиселините пак, кои се внесуваат по пат на суплементи, делуваат како активатори на ензимот липаза кој го поттикнува процесот на разградување на мастите.

Авторот на оваа диета тврди дека кога ја „држиме“ диетата важна е состојбата на умот и дека гладот е психолошки проблем. Токму затоа е важен индивидуален нутриционистички пристап кон секој кој сака да ја „држи“ липосукциската диета. Исто така, пред почнување на оваа диета исклучително е важно да се консултирате со нутриционистите од International Health.

(Советувалишта и центри за липосукција има и во Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3151714, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстеска)

(промотивен текст)

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...