Намален бројот на осигурителни полиси во земјоделството

101

Намален е бројот на осигурителни полиси во земјоделството за околу 60 проценти, соопшти денеска директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување Климе Попоски.

Во 2015 година бројката на полиси била 5.000, а лани се продадени само 2.000.

Според Попоски, можно е да се менува целиот систем за осигурување во земјоделството. Тоа ќе се разговара и на денешната трибина во ресорното Министерство.

– Во просек, годишно, досега за осигурување во земјоделството од елементарни непогоди се исплаќаа по 300 милиони денари – рече Попоски пред почетокот трибината на која учествуваат и земјоделци и претставници на науката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...