Вучиќ: Ќе подлегнам на притисоците на граѓаните, но не и на лажговците од опозицијата

228
ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска порача дека е подготвен да ги сослуша незадоволните граѓани кои протестираа низ белградските улици и да подлегне на нивните притисоци, но дека нема да подлегне на притисок на „лажговците” од опозицијата.

Тој, гостувајќи на Пинк ТВ, изјави дека е подготвен да ги слуша и да го промени она што не е добро, но ако граѓаните мислат дека ова не е можно, може да се излезе и на избори.

– Подготвен сум да ги сослушам луѓето да ми кажат што е лошо и тоа да го променам и да го поправам или ако сметаат дека тоа е невозможно и ако имаат мнозинство, подготвен сум да одам на избори во кое било време. Еве јас прифаќам – еве ви избори – изјави Вучиќ.

Тој додаде дека може да подлегне на притисокот на народот, но не и на политичарите, кои ги нарече „лажговци, кои глумат расплакана млада невеста и дека се против насилството”.

Вучиќ им порача на опозициските партии дека може „само да сонуваат“ дека тој ќе подлегне на нивните притисоци.

Изјавите дека специјалните сили на косовската полиција РОСА можат да одат во северно Косово без дозовола, српскиот претседател ги коментираше како „најголема лага“.

Вучиќ оцени дека е потребно многу енергија, напори и желба за да се постигне компромис со Приштина, па и да се жртвуваат сопствените кариери за да се обезбеди иднината, но не е сигурен дека косовските претставници го сакаат тоа.

Говорејќи за можностите за продолжување на дијалогот, Вучиќ истакна дека Приштина треба само да ги укине таксите и дека дијалогот ќе продолжи.

Тој додаде и дека сигналите што доаѓаат од Приштина, како што е воведувањето на таксите и изборот на Фатмир Лимај во делегацијата за разговори, укажуваат на тоа дека „не постои подготвеност да се направи компромис“.

ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...