Пролетта синоќа официјално пристигна во Токио каде државната метеоролошка агенција соопшти дека црешите почнале да цветаат, покренувајќи низа прослави.
За време на две недели колку што трае цветањето, на улици, во школи и храмови се слави доаѓањето на пролетта во знак на розево-бела боја на цветот на црешата.
Експерти од метеоролошката агенција кои ги набљудуваат дрвата на црешата во храмот Јасукуни утврдиле дека првите цветови се појавиле девет денови порано од вообичаеното.
Службеното доаѓање на пролетта во Токио е тема на сите насловни во јапонските медиуми. „Пикот“ на цветањето ќе биде за една недела кога во градските паркови ќе се одржат бројни собири, понекаде се пие алкохол меѓу членови на семејството, пријателите и бизнис соработниците.