Во масовна гробница пронајдени телата на 34 етиопски христијани, егзекутирани од ИД

116

Телата на 34 лица, етиопски христијани, егзекутирани од страна на терористичката организација Исламска држава во Либија, се пронајдени во масовна гробница, соопштија денеска властите.

– Гробницата е ископана вчера, по добиена информација од уапсени членови на ИД, соопшти одделот за кривични истраги на Министерството за внатрешни работи на Либија на својата фејсбук страница.

На видео снимка објавена на социјалните мрежи во април 2015 година се гледа како екстремистите на ИД ги убиваат и обезглавуваат христијаните, облечени во портокалова облека.

Телата на егзекутираните христијани ќе бидат испратени во Етиопија по завршувањето на правната постапка во врска со случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...