Опсерваторијата на планината Етна денеска соопшти дека активниот сицилијански вулкан исфрла лава и пепел, по невообичаено високото ниво на сеизмичка активност.
Според Опсерваторијата до средината на денешниот ден регистрирани се 130 потреси, од кај најсилниот беше од четири степени.
Нова пукнатина е отворена во близина на југоисточниот кратер и од неа истекува лава.
Засега нема повредени, а пеплта не предизвикува отежнато дишење кај жителите од блиските градови.
Етна, еден од трите најголеми италијански вулкани, посебно е активен од јули.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.