Седум години затвор поради корупција за поранешниот пакистански премиер

48

Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф денеска беше осуден на седум години затвор под обвинение за корупција.

Покрај затворската, Антикорупцискиот суд во Исламабад на Шариф му изрече и парична казна од 2,5 милиони долари поради корупција и примање поткуп во врска со купувањето на саудиската челичарница „Ал Азиз“.

При денешното изрекување на пресудата, пред Судoт во Исламабад протестираа неколку илјaди приврзаници на Пакистанската муслиманска лига (ПМЛ) на Шариф, кои се судрија со полицајците кои ја обебзедуваа судската зграда.

Ова е втора затворска казна за Шариф, откако во јули годинава беше осуден на 10 години затвор и парична казна во против вредност од осум милиони долари, поради незаконско купување на луксузни станови во Лондон.

Наваз поднесе жалба на оваа пресуда, по што во септември беше ослободен од притвор до завршување на жалбената постапка.

Против Шариф се водеше судски процес и за корупција околу инвестицискиот фонд „Флегшип Инвестмент“, но Судот го ослободи од ова обвинение.

Обвиненијата против Шариф беа подигнати по објавувањето на информациите од т.н. Панамски документи во пролетта 2016 година.

Шариф ваквите обвиненија ги оцени како политички мотивирани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...