Дедо Мраз: Да се надеваме оти Божиќ ќе донесе еден кус миг на спокој

53

Дедо Мраз со своите ирваси и кочии појде од гратчето Рованиеми во најсеверната финска област Лапонија со цел неговите подароци да им ги подели за деца во светот.

– Се надевам дека минатата година беше добра за вас. Се разбира, во светот се случија и многу нешта, кои би требало да се поинакви. Да се надеваме дека Божиќ ќе донесе еден кус миг на спокој, во кој светот и луѓето ќе си дадат малку оддишка, минувајќи повеќе време со семејствата и пријателите – изјави Дедо Мраз пред поаѓањето.

Тој беше испратен со песни и танци на неговите помошници, кои му посакаа среќа во долгото патување.

Настанот во студената ноќ на минус 22 Целзиусови степена, го проследија стотици луѓе во Рованиеми, каде што и „официјално“ е домот на Дедо Мраз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...