Малагурски: За распадот на Југославија виновен е Бил Клинтон

515
ФОТО: Јутјуб

Српскиот режисер Борис Малагурски за своите документарни филмови добил многубројни награди. Најново големо признание е дека неговиот документарец „Тежина на ланците 1“, во кој се занимава со распадот на Југославија, е сместен во архивот на библиотеката на Конгресот на САД во Вашингтон.

Во првиот дел од документарниот серијал, режисерот зборува за вмешаноста на Западот во распадот на СФРЈ, со теза дека Вашингтон е директно одговорен за тоа.

– Важно е да се напомене дека најголема одговорност за распадот на Југославија има администрацијата на Бил Клинтон. Ја имаат и претходните – администрацијата на Реган, која со спроведување на своите директиви ја поткопувала југословенската економија, како и администрацијата на Буш Постариот, кој донесе закон за финансиска поддршка на сепаратистичките движења. Новите генерации американски конгресмени сега можат да учат од грешките на нивните колеги – вели Малагурски.

Малагурски моментно го снима третото продолжение на „Тежина на ланците“, во кој се занимава со биолошкото уништување, со посебен акцент на НАТО бомбардирањето на СРЈ со осиромашен ураниум, кој оставил трајни последици.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...