Мекејб водел белешки за Трамп, тврдат американски медиуми

150
ФОТО: EPA/JIM LO SCALZO

Неодамна отпуштениот заменик директор на ФБИ Ендрју Мекејб има лични белешки за контактите со американскиот претседател Доналд Трамп кои се проследени до канцеларијата на специјалниот oбвинител, јавуваат американски медиуми.

Тие белешки се слични како оние што ги имаше и отпуштениот шеф на ФБИ, Џејмс Коми и може да се најдат во истрагата на специјалниот обвинител за врските на кампањата на Трамп со Русија.

Американски медиуми јавуваат дека за белешките на Мекејб дознале од личност директно запозната со ситуацијата која барала анонимност.

Мекејб поднесе оставка на својата функција во ФБИ на 30 јануари. Планираше да се пензионира в недела, на својот роденден, со целосни бенифиции. Но, сега кога е отпуштен дел од неговата пензија или дури и целосната пензија може да бидат загрозени.

Пораншениот директор на ФБИ, Џејмс Коми нагласи синоќа дека американскиот народ наскоро ќе може да му укаже на Трамп кој е чесен, а кој не е.

– Господине претседател, американскиот народ многу скоро ќе ја слушне мојата приказна и тогаш самите ќе пресудат кој е чесен, а кој не е – напиша Коми на Твитер.

Следниот месец се очекува да биде објавена книгата на Коми под наслов „А Higher Loyality“. Трамп го смени Коми од функција во минатиот мај.

ФОТО: EPA/JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...