Уште едно цунами и се заканува на Индонезија (ВИДЕО)

325
ФОТО: Принтскрин

Вчера повторно еруптираше вулканот Анак Кракатау, кој претходно предизвика цунами и поради кое загинаа над 280 лица.

Локалните власти соопштија дека се разурнати стотици домови и други објекти.

Цунамито откорнало и голем број дрва кои ги блокираа патиштата, што го отежува пристапот на спасувачките екипи до настраданите.

Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика апелираше до локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде во сила до 25 декември.

– Ве молиме да не се приближувате до плажите. Оние кои се евакуирани се молат се уште да не се враќаат дома – соопшти Агенцијата.

Сега кога вулканот повторно исфрла чад и пепел, Индонезија стравува дека може да дојде до уште една катастрофа.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...