По смртта на дете, ФДА ги предупредува родителите да не користат килибарни ѓердани

Ѓерданите и производите за џвакање станаа се попопуларни помеѓу родителите кои сакаат да им ја олеснат болката на децата при избивањето на првите запчиња, но од ФДА предупредуваат на опасност од сериозни повреди кои можат да ги предизвикаат таквите предмети, па дури и смрт.

2125

Откако американската Агенција за храна и лекови (ФДА) објавила дека не се безбедни, родителите се предупредуваат под итно да престанат да ги користат ѓерданите кои наводно, ја ублажуваат болката при избивањето на запчињата.

Имено, 18.месечно бебе се задавило со ваков ѓердан во текот на спиењето, додека седумесечно бебе речиси ќе се загушело со перлите од дрвена алка за забите, иако било под надзор на родителите, известила оваа американска Агенција.

Мајките и татковците често посегаат по ѓерданите и алките за да ја ублажат непријатноста и болката која се јавува кај дечињата при избивањето на запчињата, пa децата се честопати нервозни и плачливи. Се смета дека тие би можеле да им помогнат во тој тежок, но клучен стадиум од развојот, бидејќи на тој начин бебето има нешто што може да го џвака и на тој начин ги поттикнува забите полесно да излезат.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...