Нема град во државата кој има толку многу препознатливи нешта кои се врзуваат со неговото име, од Битола.
Да, Битола е, пред сѐ, град на конзулите, но е и градот на клавирите, градот на боемите, градот во кој никој не излегува ниту до продавница ако не е дотеран и стокмен, но и град во кој, благодарение на Николче Николовски и неговите „соборци“ од Слоу фуд Македонија, се случуваат голем дел настани поврзани со ова движење кое се залага за добра, чиста и правична храна за сите, базирана на зачувувањето на биодиверзитетот и традицијата.
Токму благодарение на конвивиумот „Слоу Фуд Битола“, во четврток (27.декември) ќе се одржи и првото издание на „Боемскиот вински салон“ во Битола.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.