Неверојатно, Илон Маск за еден час заработува 900.000 долари

156
EPA/BEN MACMAHON

Еден работен час на милијардерот и иноватор Илон Маск чини 900.000 долари. Тоа го пресметале експерти, кои ја земале предвид неговата десет годишна плата и податокот кој самиот го изнел, а тоа е дека работи 120 часа неделно.

Вредноста на неговата компанија „Тесла“ се зголеми минатата недела за 11 отсто. Некои проценуваат дека Илон Маск заработил 1,43 милијарди долари. Во интервју за „Њујорк тајмс“, Маск зборувал за својот работен план, а пријателите одамна го советуваат да земе одмор. Слободна недела немал од 2001 година кога заболел од маларија, а имало периоди кога по три-четири денови не излегувал од фабриката.

Маск станал нов симбол за воркохолик, бидејќи на свадбата на својот брат присуствувал само неколку часови, а потоа се вратил во компанијата за да одржи состаноци.

Се претпоставува дека Маск е „тежок“ 23 милијарди долари, бидејќи неговите примања во SapceX не се познати. Имајќи предвид дека просечно работи 17 часови дневно, а во текот на десет години заработил 55,8 милијарди долари, тоа значи дека еден негов час вреди околу 900.000 долари.

ФОТО: EPA / BEN MACMAHON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...