Емиграцијата тема на албанската песна за Евросонг (ВИДЕО)

247
ФОТО: Инстаграм

Познатата албанска пеачка Јонида Малиќи, со песната „Врати се во земјата“ ќе ја претставува Албанија на „Евровизија 2019“, што ќе се одржи во Тел Авив, Израел.

Тема на песната е емиграцијата. Автор на текстот и музиката е Ериона Рушити.

Триесет и шестгодишната Малиќи го освои првото место на фестивалот што го организира албанската државна телевизија „Фест ‘57“. Редовно победникот на овој фестивал е претставник на земјата на Евросонг.

– Сè уште не верувам. Им благодарам на оние кои ја создадоа оваа песна, на Албанската државна телевизија и на жирито. Ќе дадам максимум достојно да ја претставам Албанија на Евросонг – изјави по победата Малиќи.

Второто место на фестивалот го освои Лидиа Луфи а трета беше Еранда Либохова.

На официјалната страница на Евровизија стои дека Албанија е првата земја која го пријавила својот претставник.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...