Земјотрес од пет степени според Рихтер го погоди западниот дел од Суматра. Ова е уште една во низата катастрофи кои се случија во Индонезија.
Потресот бил регистриран во 15:03 часот по средноевропско време, а епицентарот се наоѓал на длабочина од 105,8 километри.
Индонезија доцна синоќа ја погоди цунами, а според последните информации животот го загубија 222 лица, 843 се повредени, а за исчезнати се водат 28 лица.