Папата Франциско денеска се молеше за загинатите, исчезнатите и останатите без дом по цунамито што ја зафати Индонезија.
Папата пред туристите и верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан рече дека во мислите е со индонезискиот народ, кој беше „погоден од моќна природна катастрофа“.
– Доживувам духовна блискост со тие што останаа без дом или страдаат на некој друг начин – рече папата Франциско.
Тој ги повика луѓето да покажат солидарност, а меѓународната јавност да им даде поддршка на погодените од катастрофата.
Најмалку 222 лица загинаа, а над 840 се повредени минатата ноќ при налет на цунами во крајбрежните области меѓу индонезиските острови Суматра и Јава, предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау.
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI