Брет Мекгурк, кого не го познавав, го назначи претседателот Обама во 2015 година. Требаше да замине во февруари, но поднесе оставка бидејќи сака да привлече внимание. Ова го напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.
Мекгурк, поранешен Специјален пратеник за глобална коалиција која се бори против Исламска држава, поднесе оставка веднаш по Матис. Причината за тоа, како што објавија медиумите, беше негово „силно несогласување“ со претседателот на САД во врска со одлуката за повлекување на војската од Сирија.
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS