Трамп: Друг да ја повлечеше војската од Сирија ќе беше херој

121
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека „кој било друг, освен него, да објавел дека планира да ја врати војската од Сирија, по уништувањето на Исламска држава во таа земја, ќе беше најпопуланиот херој во Америка“.

Трамп на тој начин одговори на реакциите што следеа по неговата одлука да ја повлече американската војска од Сирија.

– Кој било друг, освен вашиот омилен претседател Доналд Трамп, да објавеше, по уништувањето на Исламска држава во Сирија, дека ќе ги врати нашите трупи (среќни и здрави), таа личност ќе беше најпопуларниот херој во Америка. Кога јас сум во прашање, тогаш следи жесток удар од медиумите кои објавуваат лажни вести. Лудо! – напиша Трамп.

Во друга порака на Твитер се осврна на досегашниот министер за одбрана Џим Матис, кој поднесе оставка поради несогласувањето со него околу повлекувањето на војската од Сирија.

– Кога претседателот Обама неславно го отпушти Џим Матис, јас му дадов втора шанса. Некои мислеа дека не треба, јас мислев дека треба. Интересен однос – но, јас исто така му ги дадов сите ресурси што тој всушност никогаш ги немал. Сојузниците се важни – но не кога ги искористуваат САД – напиша Трамп.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...