Трамп се мисли за „катастрофален потег“, да го смени шефот на ФЕД

201
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп изминативе денови во неколку наврати со своите соработници разговарал за смена на претседателот на Управата на федерлните рерзеви (ФЕД), Џером Пауел, тврди „Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори во Белата куќа.

Според овие извори, Трамп бил незадоволен од Пауел по овонеделната одлука на ФЕД, која ја има улогата на централна банка на САД, за зголемување на нејзината основна каматна стапка.

„Блумберг“ наведува дека советниците го предупредиле Трамп дека смената на Пауел би претставувала „катасторфален потег“.

Портпаролите на Белата куќа и на ФЕД не сакале да ги коментираат ваквите сознанија на „Блумберг“.

Пауел на местото прв човек на ФЕД беше именуван од Трамп, по што неговото именување го одобри Сенатот. Доколку Трамп покрене иницијатива за смена на Пауел, неговото разрешување повторно ќе тѕреба да го одобри Сенатот.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...