Најдобар бургер во Скопје, според гласовите од судиите и од публиката има Ресторан Маџо 2.0. Иако количината на продадени бургери не влијаеше на системот на одредување на победникот, Маџо имаат и најмногу продадени бургери во Неделата на бургери – вкупно 349.
Второто место го освои M’s Fish&Chips. Кај нив, од сите 301 продадени бургери во текот на наптреварот, 218 гласачи оставиле оцена 10 ѕвезди што го прави ресторан со најмногу 10-ки добиени од публиката.
Третото место му припадна на Rock Kafana Rustikana 2.0. И за нив, како и за другите две места, за оцената се сложија и публиката и судиите.
Победникот беше одреден преку комбинација на гласовите од четиричлено жири и на публиката, која со секој нарачан бургер доби ливче за гласање. Жирито се сретна да ги дегустира бургерите истовремено во Brown Sugar, каде што покрај севкупната оцена на бургерот се оценуваше и лепчето, месото, сосот и изгледот.
Интересно што вреди да се издвои е дека Urban Burger Bar, кој уште од почетокот се издвојуваа како единствено фаст фуд место на листата, котираа многу високо и беа сериозна конкуренција за трето место, и помеѓу гласачите и меѓу судиите.
Fitness House и Vegan356Kitchen имаа неверојатно добри резултати кај гласачите (двата ресторани освоија во просек повеќе од 9 ѕвезди од публиката). А во однос на гласовите на судиите пак, може да се заклучи дека Барбакан се издвојува со убедливо највисока оцена во однос на квалитетот и вкусот на месото.
Ваучери од 500 и 1000 денари добија шест избрани гласачи
Рената Ангеловска: 1000 денари ваучер во победничкиот Маџо 2.0
Маглена Димишкова: 1000 денари ваучер во M’s Fish&Chips
Филип Грујевски: 1000 денари ваучер во Rock Kafana Rustikana 2.0
Викторија Радомировска: 500 денари ваучер во Маџо 2.0
Јован Реџиќ: 500 денари ваучер во M’s Fish&Chips
Александар Ристески: 500 денари ваучер во Rock Kafana Rustikana 2.0
За време на натпреварот во Скопје минатата недела се изедени вкупно 1.809 бургери.