„Жолти елеци“ протестираа во Холандија

Во Ротердан со собраа околу 80 лица кои го блокираа мостот „Еразмус“, а на плоштадот „Дам“ во Амстердам протестираа неколку десетици лица.

390
ФОТО: МИА

Нови протести на „жолтите елеци“ во знак на незадоволство од полтиката на Владата на холандскиот премиер Марк Руте денеска се одржаа во неколку градови во Холандија, меѓу кои и во Амстердам, Хаг и Ротердам.

Во Ротердан со собраа околу 80 лица кои го блокираа мостот „Еразмус“, а на плоштадот „Дам“ во Амстердам протестираа неколку десетици лица.

Дсетици лица се собраа на протести и пред зградата на холандскиот Парламент во Хаг, барајќи оставка на премиерот Руте.

Протестите на „жолтите елеци“ во Холандија, кои се со помала масовност од оние во Франција, се одржуваат четврта сабота по ред. Организаторите на протестите следниот собир го најавија за 13 јануари во Утрехт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...