Дејвид Бекам преговара да стане првиот „турист“ кој ќе патува во вселената, објави магазинот „Сан“ повикувајќи се на анонимни извори.
Според магазинот, Бекам веќе подолго време размислува за ова, со оглед на тоа што за патување во вселената засега не постоеја реални шанси. Но, тој не сака само да отпатува во вселената туку сака и да шутне топка.
– Децата на Бекам постојано зборуваат за тоа и многу им се допаѓа идејата – изјавил извор близок до семејството.
„Сан“ неофицијално дознава дека Бекам веќе подолго време е во контакт со претставници на „Вирџин атлантик“ која моментно води во трката за патување во вселената.
Ричард Бренсон неодамна изјави дека неговата комапнија за вселенски туризам е на прагот до остварување на можноста да превезува патници во вселената.
ФОТО: EPA-EFE-GUILLAUME-HORCAJUELO