Белгискиот крал Филип денеска ја исклучи можноста за предвремени избори во земјата по оставката на премиерот Шарл Мишел претходно оваа недела.
Тој му даде задача на Мишел да ја предводи Владата до изборите на 26 мај следната година, која ќе ги доврши тековните задачи.
Белгија веќе две недели се соочува со политичка криза. Таа почна по одлуката на фламанските националисти да ги повлечат своите министри од Владата поради поддршката на Белгија за Глобалниот пакт на ОН за миграцијата. Тоа резултираше со оставка на Мишел, која тој ја најави пред Парламентот во вторникот.
ФОТО: EPA / OMER MESSINGER