Предупредување за цунами, по земјотрес од 7,5 степени на Камчатка

126

Силен земјотрес, со јачина од 7,5 степени по Рихтеровата скала е регистриран близу брегот на Камчатка, на Далечниот исток во Русија, соопшти Геофизичка служба на Руската академија на науките.

Според американскиот Геолошки истражувачки центар, земјотресот е регистриран на 88 километри југозападно од Николској, на Камчатка, на длабочина од 9,6 километри.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами објави тревога од цунами во радиус од околу 200 километри од епицентарот. Засега нема информации за жртви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...