Во Рим протест поради забраната за влез на автобуси во центарот на градот

49

Стотици автобуси денеска, на неколку часови, го блокираа сообраќајот во Рим, во знак на протест поради планот на градските власти на автобусите да им забрани пристап во центарот на градот заради намалување на загадувањето и бучавата.

Возачите и менаџерите на автобуски компании одржаа демонстрации во неколку општини во Рим поради одлуката на властите, која треба да стапи во сила на 1 јануари, јави АНСА.

Тие се жалат дека новата одлуката ќе нештети на клучната гранка во градот – туризмот и негативно ќе влијае на продавниците и рестораните.

Градските власти оценуваат дека мерката мора да се спроведе поради загадувањето на воздухот и оштетувањето на древните споменици, како Колосеумот и Форумот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...