Владата на денешната седница на предлог на Министерството за финансии го утврди Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, по скратена постапка.
„Предложените измени и дополнувања на Законот за преземање на акционерските друштва имаат за цел да се прецизираат критериумите за заедничко дејствување, како и известувањата до Комисијата во однос на заедничкото дејствување заради заштитата на малите акционери, да се поттикне тргувањето со хартии од вредност, и да се олесни постапката за преземање на акционерски друштва од страна на странски инвеститори“, појасни владината прес служба.