Путин загрижен поради распределбата на црковниот имот

113
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека е загрижен поради распределбата на црковниот имот во Украина, што би можело, како што забележува, да стане „крваво“ откако државата се вмеша во црковни работи.

– Многу сум загрижен дека ќе настапи распределба на црковниот имот. Всушност таа е веќе во полн план и би можела да поприми тешки, ако не и смртоносни одлуки. Не дај Боже тоа да се случи, тоа не го сакаме – истакна Путин на својата годишна прес-конференција.

Тој изрази жалење поради луѓето кои „само го бранеле својот интерес“, а кои се беспомошни и невооружени.

-Тоа што се случува во православието е тешко да се разбере. Украинската православна црква беше целосно независна од Московската патријаршија. Единствена врска беше духовната, а сега зависност ќе има кон Цариград. Мислам дека тоа беше вистинскиот мотив на Вартоломеј, како и навестувањето од Вашингтон. Ништо добро нема да излезе од тоа за слобода на вероисповед, а најмногу сум загрижен за распределба на имотот … би можело да стане крваво – рече Путин.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...