Македонски пејачи ќе ја возобноват старата божикна „Небо и земја“

226

Познати македонски поп-пејачи ќе влезат во студио за да возобноват уште една православна Божикна песна, како што изминативе години тоа го направија со старата коледарска песна „Вечниот Бог“.

Тие веќе работат во студио на возобновувањето на „Небо и земја“ – Божикна песна која до пред 30 години се пеела во битолскиот крај и која има мошне богата историја и традиција, велат од Здружението за возобновување на православни традиции „Бадникови поворки“.

Во песната ќе учествуваат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и „Златно славејче“. Дел од нив го посетија домот на 81 – годишната Даница Јолевска, која е сведок за долгогодишната традиција на пеење на оваа Божикна песна во битолскиот крај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...