Тед По: САД ќе бидат поактивно вклучени во дијалогот Белград-Приштина

40

Копретседателот на српскиот кокус во Конгресот на САД, конгресменот Тед По, изјави дека САД ќе бидат поактивно вклучени во дијалогот меѓу Србија и Косово и можеби ќе ја поместат ЕУ во некоја друга улога.

– Мислам дека Вашингтон ќе биде повеќе вклучен и треба да биде во решавањето на ова прашање и можеби ќе ја помести ЕУ во некоја друга улога – изјави По за Гласот на Америка.

Тој смета дека САД може да помогнат да се поттикне не само Србија, туку и Косово, да седнат на преговарачката маса и да се решат прашањата кои ги мачат со години.

– Косово беше дел од проблемот, поради неподготвеноста да се најде компромис и долгорочно решение за мир во регионот, изјави По, кој ќе се пензионира кон крајот на годината, а на неговата позиција во јануари ќе дојде републиканскиот конгресмен од Охајо, бригадниот генерал Стив Стајверс.

Стајверс за Гласот на Америка изјави дека ова е многу опасен момент во регионот и дека е задоволен што САД ќе работат на тоа да се обидат да го охрабрат дијалогот.

– Ние не наметнуваме решенија, туку посредуваме да најдеме решение на флексибилен начин, што ќе биде во интерес на српскиот народ, Владата и Црквата – истакна Стајверс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...