Ќе се развива соработка меѓу македонски и италијански фирми

Првично е замислено тие да најдат партнери од својата област во Италија, а потоа да имаат и конкретни активности за соработка и извоз на производите во Италија  – вели Александра Каракашова Сачарска, координатор на проектот.

93

Петнаесет компании од месната индустрија, лаборатории, стоматолошки ординации и училишта за странски јазици од свои колеги во Италија ќе учат како да станат конкурентни на европскиот пазар.

Фирмите се дел од проектот проектот „Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари” на невладините Милиеуконтакт Македонија која во соработка од италијанската CEPEMONTE од Торино ќе обезбеди средба со италијанските фирми во јуни следната година.

Фирмите како што соопшти Александра Каракашова Сачарска, координатор на проектот се избрани на повик, поминале низ низа обуки за достапни програми за ЕУ финансирање, развивање на проектни апликации, партнерства за формирање партнерство со ЕУ земји.

– Цел ни е да овозможиме овие фирми да контакрираат и потоа да воспостават соработка. Првично е замислено тие да најдат партнери од својата област во Италија, а потоа да имаат и конкретни активности за соработка и извоз на производите во Италија  – вели Александра Каракашова Сачарска, координатор на проектот.

Претставници на компаниите, од невладиниот сектор и од институциите задолжени за развој на малите и средни бизниси денеска на трибина се обидуваа да најдат начин како да ја подобрат меѓусебната соработката. Нивна цел, како што рекоа, е да ја зголемат конкурентноста на  националната економија  преку искористување на расположивите фондови на Европската унија.

Проектот, што е во вредност од 200 илјади евра (175 илјади евра ЕУ фондови и 20 илјади евра Милиеуконтакт), е финансиран од Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, Инструмент за претпристапна помош Компонента 1 – Подобрување на капацитетите за иновации, како и истражувачките и развојните капацитети на МСП, соработка помеѓу здруженија, компании и универзитети и институции. Проектот се спроведува 18 месеци (15 декември 2017 – 15 јуни 2019 година).

На крајот на настанот се презентира и предлог моморандум за соработка меѓу малите и средните претпријатија (МСП), здруженијата на граѓани и универзитетите од една страна и јавните институции од друга страна.

Здружението за развој Милиеуконтакт Македонија Скопје е непрофитна организација, здружениа на граѓани, која дава поддршка на иницијативи на здруженијата на граѓани за климатски промени, животна средина и одржлив развој. Милиеуконтакт Македонија е основана во 2012 година и нивна визија е да креираат силно, видливо, професионално, самоодржливо еколошко движење, базирана на принципите на демократија и траснапрентност.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...