Мајките потсвесно ги оттурнуваат татковците и ја занемаруваат нивната важност

Во денешното друштво кога повеќе нема големи семејства кадешто сите меѓусебно се грижат за децата, татковците им се често единствена помош на мајките. Освен што се важни за првите месеци од животот на бебето, татковците и подоцна имаат голема улога.

296

Уште за време на бременоста, татковците имаат голема улога. Тие се потпора на мајките и стабилна потпора кога ќе ги преплават чувства и стравови со кои многумина се соочуваат.

Додека мајките делуваат водени од емоциите, татковците се тука за да ја применат логиката и да ги смират. Нивната улога е сѐ поголема и на породувањето. Повеќе не се само набљудувачи кои нетрпеливо чекаат во болничките ходници или слават со пријателите додека мајките ја одработуваат најтешката задача за човечкото тело – породувањето.

Татковците ги усмеруваат мајките кога среде напорот и заорот ќе заталкаат, дишат покрај нив и ги преживуваат со нив породилните болки.

Мајките потсвесно ги оттурнуваат татковците од себе и беспотребно се оптоваруваат.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...