Апостолакис: Грција ќе одговори во случај на ескалација на турските провокации

56

Началникот на Генералштабот на грчката Армија, Евангелос Апостолакис ја предупреди Турција дека Грција е решена да одговори во случај на „ескалација на турските провокации“.

Апсотолакис, на средба со грчките новинари, ја истакнал оперативната способност и подготвеност на Армијата на Грција во случај да бидат загрозени суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Според „Катимерини“, како што јави дописничката на МИА од Атина, во случај на инцидент и турска провокација во Егејското Море, ставот на Апостолакис бил јасен,

– Ако стапнат на карпест ненаселен остров, ќе го срамниме со земја. Ова е црвена линија, која што е прифатена и од Владата – изјавил, според „Катимерини“, началникот, додавајќи дека она што е најважно за Грција е да се обезбеди мир во регионот.

Во однос на стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција одржан минатата седмица, Апостолакис истакнал дека Вашингтон бара начин да се обезбеди рамнотежа во регионот, а „Грција игра позитивна улога и е мост во однос на оваа перспектива“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...