Вил Смит мораше да уверува некои од своите обожаватели дека неговиот лик во филмувана верзија на Дизниевиот цртан филм „Аладин“, Духот ќе биде син, по забуните што настанаа по објавата на плакат на кој Смит е „необоен“.
Првиот најавен плакат за филмот, Смит го објави вчера на својот Инстаграм профил. Покрај него, во главните улоги ќе ги видиме Мена Масуд како Аладин и Марван Кензари, како принцезата Јасмин.
Режисерската палка му припадна на Гај Ричи, а сценариото е на Џон Огуст.
Премиерата е закажана за 24 мај наредната 2019 година.