Пратениците и денеска ќе расправаат за дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година. Расправата почна вчера и треба да трае пет дена.
Вкупните приходи се планирани на 210,8 милијарди денари, а расходите се на ниво од 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 17,7 милијарди денари, односно 2,5 отсто од БДП, а растот на економијата е проектиран на 3,2 отсто. За капиталните инвестиции се издвоени 26 милијарди денари.