Охриѓанецот Наумче Здравески е новиот милионер

Најновиот во листата милионери на Државна видеолотарија на РМ освои добивка вредна 1.640.646 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 18.12.2018 во Спорт лајф трејд во Охрид.

301

Државна Видеолотарија го пречека и најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник за месец декември. Видно возбуден, во друштво на неговиот брат, Наумче Здравески од Охрид пристигна да го подигне добитниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, вреден 1.640.646 денари. Го освоил на 18.12.2018, забавувајќи се на видеолотариските терминали во Спорт лајф трејд во Охрид.

Скромен, но и расположен поради убавата добивка, ја сподели својата среќна приказна. Пред Нова година со оваа добивка, се менуваат и желбите и очекувањата од 2019. Ни откри дека претходно немал никакви очекувања, дури не верувал дека токму него и токму во местото каде ја освои добивката, тоа и ќе се случи. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката вистински го изненадила, посебно затоа што неколку минути пред да го слушне добитниот среќен звук, заедно со останатите играчи коментирале дека не постојат шанси, добивката да се случи токму на ова место. Но, изненадувањето  со добитниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.640.646 денари се реализирало неочекувано. Освоените 1.640.646 денари од МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, не брза да ги потроши веднаш. Најверојатно  дел од нив ќе потроши за да си овозможи убаво новогодишно патување.

Државната видеолотарија на РМ ги стартуваше Џек пот добивките на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 169 Милионер Џек пот добивки во вкупен износ од 251.845.460 денари. Покрај нив, освоени се и 27.446 Мини Џек пот добивки во вкупен износ од 168.103.329 денари. Мини Џек пот добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...