„Како да се подобри соработката и интеракцијата меѓу развојните капацитети на малите и средни претпријатија, здруженијата на граѓани и универзитетите од една страна и јавните институции од друга страна” е тема на денешната тркалезна маса која ќе се одржи во Стопанската комора.
Тркалезната маса се спроведува во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари”.
На настанот ќе бидат презентирани активностите на проектот и нивна реализација, ќе бидат пренесени искуствата на МСП кои се вклучени во проектот и ќе се развие дискусија како да се изнајде начин за подобрување на соработката меѓу бизнисите, образовните институции и граѓанскиот сектор со јавните институции, а со цел подобрување на конкурентноста на Р.Македонија на светските пазари.
На крај на настанот ќе се презентира предлог меморандум за соработка на сите засегнати страни што ќе биде споделен со сите присутни да може да го коментираат во своите институции и истиот да го потпишат.