На една американска бензинска пумпа се одиграла сцена за која многумина не можат да поверуваат дека е реална, кога жена се обидела да стави гориво во електричен
автомобил „Тесла“.
Имајќи предвид дека повеќето бензински станици во САД се самоуслужни, жената повеќе од три минути се обидувала да го најде капакот на резервоарот од автомобилот, во што не успеала, бидејќи „моделот С“, кој го возела, е електричен.
Побарала и „помош од пријател“ преку мобилен телефон.
Маката и ја скратил еден минувач, кој и пришол на жената и и објаснил дека нема да успее да го наполни својот автомобил на начинот на кој имала намера.
Целата случка е снимена од автомобил, кој бил зад неа на пумпата, па видео клипот заврши на Интернет и стана хит.